Atoderm Intensive eye

Секојдневна 3 во 1 нега за иритирани очни капаци: смирува, обновува и ја отстранува шминката.

СЕКОЈДНЕВНА НЕГА НА КОЖА

Многу сува до атопична кожа

Skin barrier therapy™ патент

За кого?

За целото семејство (освен предвремено родени бебиња)

Кои се состојките ?

Погледнете го составот

Ефикасност докажана со клиничка студија

Чувство на чешање : -95%.*

ATODERM INTENSIVE EYE

-Моментално и долготрајно го смирува чувството на чешање
-Ја намалува сувоста и црвенилото на кожата
-Хидрира и ја храни кожата
-Ја отстранува шминката, нечистотиите и честичките од загадување
-Ја заштитува кожата
-Деконгестивен ефект
-Добра основа за шминка
-Без парфем - Одлична подносливост на кожата - Одлична подносливост на очите - Погоден за носители на контактни леќи и чувствителни очи.
-Иновативен и едноставен ритуал со кој се ограничува бројот на производи а воедно и бројот на состојки, како и триењето на очните капаци

Погледнете го изворот

Сите BIODERMA производи се формулирани во согласност со екобиолошките принципи, кои се во срцето на NAOS пристапот за почитување на кожата како екосистем и зачувување на нејзиното здравје, долготрајно.

Производот на Bioderma го почитува екосистемот на кожата и го зачувува нејзиното здравје

Atoderm Intensive Eye е првиот производ за нега 3 во 1 од Bioderma лабораторијата кој се бори против симптомите на иритација на очните капаци:
1) СМИРУВА: Еноксолонот ги таргетира факторите вклучени во чувството на чешање за трајно да ја смири кожата.
2) ОБНОВУВА: Ексклузивната Lipigenium™ технологија стимулира производство на липиди и ја враќа ефективната бариера на кожата. Патентираниот комплекс Skin Barrier Therapy™ ја ограничува адхезијата на одредени бактерии (staphylococcus aureus) на површината на кожата. Овие бактерии можат да ја влошат сувоста на кожата. Хијалуронска киселина, која е природно присутна во кожата, формира не-оклузивен хидратантен филм. Ја задржува водата на површината на кожата и на тој начин делува како резервоар на вода.
3) ОТСТРАНУВА ШМИНКА: Комбинацијата од 3 масла ја отстрануваат шминката и нечистотиите од кожата.
Резултат: кожата е смирена, зајакната и обновена трајно.

Face Лице
Eyes Очи и очни капаци

Еднаш или двапати на ден ; Нанесете на иритираните очни капаци. Наутро како производ за нега и основа за шминка. Навечер како средство за нега и/или средство за отстранување на шминка со помош на памучен тупфер. Пред секоја употреба на производот, се препорачува дренирање на кожата со што се овозможува деконгестија или ослободување од токсини за време на акутната фаза. Вклучувањето на Atoderm Intensive eye како дел од секојдневната рутина на нега на кожата на очните капаци, спречува повторна појава на акутна фаза.

  • Чекор 1 ДРЕНАЖА: ОВИЕ ЧЕКОРИ ТРЕБА ДА СЕ ПРОСЛЕДАТ ПРЕД ДА ГО НАНЕСЕТЕ ПРОИЗВОДОТ НА ЧИСТА КОЖА: 1- Тапкање: Стимулирајте го лимфниот систем: направете 3 последователни притисоци користејќи ги трите средишни прсти, 1 см од коренот на ушите.
    2 - Дренирање: Движете се од внатрешниот агол кон надворешниот агол на окото со нежни движења на втапкување. Потоа, нежно измазнете од надворешниот агол до внатрешниот агол на окото. Повторете 3 пати.
    3 - Целосна дренажа: Направете последно целокупно измазнување од внатрешниот агол до надворешниот агол на очкото, спуштајќи се низ лицето долниот дел на вратот.
  • Чекор 2 КАКО ЧИСТАЧ / ОТСТРАНУВАЧ НА ШМИНКА:
    1- Апликација: Нанесете мала количина од Atoderm Intensive eye на горниот очен капак.
    2- Чистење: Распределете го производот низ целиот очен капак и направете лесна кружна масажа.
    3- Чистење: Нанесете го на трепките од основата до врвот за да се отстрани маскарата.
    4- користете памучен тупфер (само во ремисија): Избришете ја шминката со памучен тупфер, од внатрешниот агол до надворешниот агол на очните капаци и од основата до врвот за трепките.
  • Чекор 3 КАКО СЕКОЈДНЕВНА НЕГА:
    1- Примена: Нанесете мала количина од производ на очните капаци, од долниот внатрешен агол до горниот внатрешен агол на очите. Производот не треба да се нанесува премногу близу до очите (околу 2 см).
    2- Дренирање: Потоа измазнете го нанадвор со трите централни прсти. Повторете 3 пати.
    Не измивајте. Погоден за секојдневна употреба самостојно или во комбинација со дермокортикостероиди. Погоден за лица кои носат контактни леќи и\или имаат чувствителни очи. Само за надворешна употреба. Ако сувоста на кожата опстојува, консултирајте се со вашиот доктор.

Еднаш или двапати дневно.

  • Чекор 1 Нанесете на иритираните очни капаци.
  • Чекор 2 Нежно масирате додека се апсорбира целосно.
  • Чекор 3 За време егзема, погоден за употреба самостојно или во комбинација со дермокортикостероиди, пропишани од вашиот дерматолог.

Не измивајте. Погоден за секојдневна употреба самостојно или во комбинација со дермокортикостероиди. Погоден лица кои носат контактни леќи и\или имаат чувствителни очи. Само за надворешна употреба. Ако сувоста на кожата опстојува, консултирајте се со вашиот доктор.

Работиме секојдневно на влијанието на нашите производи врз надворешната средина. Повеќето од нашите производи се направени од пластика и може да се рециклираат. Сите наши надворешни амбалажи се направени од хартија од одржливо управувани шуми. Погледнете ги локалните упатства за сортирање за да го рециклирате вашиот производ најсоодветно.

Кожата во областа на зоната околу окото е особено деликатна: 3 до 4 пати е потенка од онаа на остатокот од лицето. Поради тоа очните капаци се склони кон иритација. Иритацијата на очните капаци се карактеризира со следниве симптоми: сувост, чешање, црвенило, оток. Главно е поврзана со една од трите патологии на очните капаци: атопичен дерматит, алергиски или иритантен контактен дерматит. Оваа иритација може да се активира и/или да се влоши при: директен контакт со надразнувачи: на пример, користење на несоодветна шминка, контакт со воздух (полен, прашина), контакт со иританси на рацете: лак за нокти, никел, парфем, боја за коса. Жените се најпогодени од иритација на очните капаци затоа што на оваа област нанесуваат бројни производи (шминка, нега и средства за отстранување на шминка), а со тоа и многу состојки со што се создаваат многу триења кои ја ослабнуваат кожата и можат да доведат до маѓепсан круг. Иритацијата на очните капаци е многу вознемирувачка поради дискомфортот што го предизвикува и естетскиот комплекс што го создава. Затоа е потребно да се грижите за очните капаци одбирајки соодветни производи за зајакнување на кожата и на тој начин да се спречи повторливоста, ограничувајќи ја употребата на производи а со самото тоа и на состојки во оваа деликатна област.

Резултати докажани со клинички студии

Храни
Ја остава кожата моментално нахранета : 91% (1)

Отстранува шминка
Ја остава кожата чиста: 84% (1)
Ја отстранува шминката од кожата : 80% (1)

Погледнете го изворот

Смирува
Чувство на чешање : -95% (2)
Затегнатост : - 92% (2)

Ја намалува сувоста на кожата
Сувост : -89% (2)

Хидрира
Хидратацијата опстојува до 24 часа (3)

Погледнете го изворот
Доказ за ефикасност на производот на Bioderma

Овој производ е формулиран според екобиолошкиот пристап на NAOS лабораториите. Во срцето на овој производ:

Бактериите природно се наоѓаат на површината на кожата и се неопходни за нејзината рамнотежа. Во случај на кожа склона кон атопија, зголемено ниво на одредени бактерии може да предизвика влошување на нејзината состојба. Овој патентиран комплекс ја ограничува адхезијата на овие бактерии на површината на кожата. Овој патент од NAOS истражувачкиот центар е дизајниран во Aix-en-Provence и развиен во нашите лаборатории.

Кожата има природна бариера која ја заштитува од надворешната околината. Во случај кога кожата е сува, склона кон атопија, на оваа бариера и недостасуваат липиди и протеини и повеќе не ја игра својата заштитна улога. Оваа технологија помага да се обнови ефективната бариера на кожата. Ова технологија на NAOS Research е дизајниран во Aix-en-Provence и развиена во нашите лаборатории.

Надворешниот стрес може да ја направи кожата реактивна и чувствителна. Овој патентиран комплекс го зголемува прагот на толеранција на кожата - без оглед на типот на кожата - за да ја зајакне нејзината отпорност. Овој патент на NAOS истражувачкиот центар е дизајниран во Aix-en-Provence и развиен во нашите лаборатории.

Погледнете ја листата на состојки