BIODERMA е дерматолошки бренд на NAOS, во служба на здравјето

Bioderma - focus on the skin

„Кога кожата страда, не треба само да се лекува, туку треба и да се поддржи за да живее во согласност со својата природна биологија.“

Поттикнат од оваа визија, францускиот фармацевт и биолог Жан-Ноел Торел (Jean-Noël Thorel) ja создаде NAOS, компанија испирирана од животот и водена од срцето.

Дознајте повеќе за NAOS и за нејзиниот единствен пристап, екобиологијата, за да го почитувате екосистемот на кожата и долготрајно да го зачувате нејзиното здравје.

Биологијата во служба на дерматологијата, а дерматологијата во служба на здравјето

Bioderma - woman

Нашата кожа секојдневно мора да се адаптира на средината, која пак може да влијае на нејзината рамнотежа и здравје. Загадувањето, временските услови, УВ зраците, болестите, лекарските третмани, стареењето... Сите овие фактори ја ослабнуваат кожата и ја нарушуваат нејзината рамнотежа и одбрамбена моќ. Кожата станува чувствителна, реагира бурно, се појавуваат дамки, црвенило и иритација. Сечија кожа реагира на свој начин, во зависност од својата ДНК.

Убедени сме дека не е доволно да се реагира само кога има видливи знаци. За вистински да се грижиме за кожата и за нејзиното трајно здравје, мораме да ја зачуваме од надворешните влијаниа (временските услови, лекарствата, загадувањето) и длабински да дејствуваме врз причините за нејзината нерамнотежа, истовремено вистински почитувајќи ја нејзината екологија и природна биологија. Заедно со дерматолозите и со здравствените работници, подготвуваме производи наменети за превенција, нега и дополнителни дерматолошки третмани на траен начин
 

Во срцето на нашите производи е пристап кој интервенира, но и почитува, пристап каков што има NAOS во последниве 40 години: екобиологија.

Екобиологијата е научен пристап што ја комбинира екологијата и биологијата на кожата. Радикално различен од традиционалната козметика, овој пристап ја смета кожата за жив екосистем, чии природни ресурси и механизми мораат да се зачуваат.

Екобиологијата е производ на суштинското разбирање на биологијата на кожата. Полна со живи клетки кои се во меѓусебна интеракција, кожата постојано еволуира и се прилагодува и на нашето тело и на светот околу нас. Нашиот пристап ѝ помага на кожата да се прилагоди на својата средина и да се потпре на своите ресурси за да ги врати своите природни функции. 

Екобиологијата е во срцето на секој од нашите производи, со цел да се обезбеди дерматолошка безбедност, да се поддржи природната бариера на кожата и да се постигне трајна биолошка ефикасност во однос на сите можни проблеми на кожата.

Кожата е динамичен екосистем исполнет со живи клетки, кои се во интеракција едни со други и со нивната средина. Посветени сме на создавање производи кои го почитуваат овој екосистем и кои кожата лесно ги прифаќа. Затоа, воспоставивме многу строги критериуми при изборот на состојките и формулирањето на нашите производи: употребуваме прочистени, повеќе функционални состојки, кои се веќе присутни во кожата или се слични со нејзиниот состав и никогаш во преголеми дози. 

Bioderma’s product proof of efficacy

Нашата кожа е жива, постојано се обновува, комуницира и се адаптира. Кожата е нашиот најдобар сојузник. Затоа, нашите производи ѝ помагаат на кожата да се адаптира и самата да ја врати својата рамнотежа, со поддршка и зајакнување на природните механизми на кожата. 

company- biology formulation

Врз кожата постојано влијаат надворешни фактори (клима, сонце/светлина, загадување, хигиенски навики, облека, системи за разладување...), но и внатрешните фактори (состојбата, хормоните, храната/исхраната, расположението, сонот, лекарствата, пушењето, физичката активност...).

Кога кожата страда или покажува видливи знаци на нарушување, нашето мислење е дека најважно е да се има сеопфатен пристрап и да се утврдат причините, да се оди подлабоко од симптомите, за да се обезбеди трајна ефикасност

our-company_act-on-causes-and-consequences-of-skin-imbalances

Животот суштински знае како да функционира, како да расте, како да еволуира, како да се адаптира... И кожата е интелигентен жив орган што суштински знае како да функционира на вистински начин: ефективно и одржливо. Затоа, имаме за цел да го имитираме она што природата најдобро го прави, а здравата кожа ни е првиот извор на инспирација. Начинот на функционирање на нашите производи е репродукција или имитација на структурата или механизмите на здравата кожа

our-company_be-driven-by-biomimetism

За да се почитува посебната состојба на секоја кожа и да се зачува нејзиното здравје долготрајно, екобиологијата е во срцето на нашите производи.

Во превенцијата, поттикнувањето или дополнувањето на дерматолошките третмани, нашите производи ви помагаат да го зачувате здравјето на кожата. Благодарение на нашиот екобиолошки пристап и проучувањето на биологијата на кожата со нејзините внатрешни и надворешни интеракции, нашите производи ви помагаат да го подобрите квалитетот на живеењето.

  • погледнете го видеото
    Dr Sandra Skotnicki interview
    Д-р Сандра Скотнички, професор на Универзитетот во Торонто - Катедра по медицина на одделенијата за дерматологија и трудово и еколошко здравје..

    Екобиологијата е во суштина интеракција на луѓето со околината, зачувувајки ја природната функција на кожата.

    Д-р Сандра Скотнички, професор на Универзитетот во Торонто - Катедра по медицина на одделенијата за дерматологија и трудово и еколошко здравје..

BIODERMA

Биологијата во служба на дерматологијата, во служба на здравјето

www.bioderma.com

Esthederm

Поддршка на убавината со тек на времето.

www.esthederm.com

Etat Pur

Ѝ го дава на кожата само она што ѝ треба. Ништо повеќе. Ништо помалку. 

www.etatpur.com

„Начинот на којшто ги правиме нештата е поважен од самите нешта што ги правиме“

Последниве 40 години, NAOS е посветен на негата. Потписот “Грижата на прво место “(Care first) ја прикажува нашата амбиција за грижата која NAOS сака да ја прикаже во светот: здравје, благосостојба, внимание, грижа и љубов. “Грижата на прво место” е движење што го води нашиот пристап кон негата: грижа за кожата како и за луѓето и светот околу нас

BIODERMA особено се стреми да го примени своето искуство во биологијата во служба на дерматологијата, да се грижи за пациентите низ светот и да ги придружува, притоа обрнувајќи внимание на различните проблеми на кожата.

Во BIODERMA, исклучително сме посветни, го поддржуваме и го подобруваме квалитетот на секој поединец. Постојано се трудиме да нудиме иновативни и ефективни дерматолошки решенија што навистина ја почитуваат кожата и што се лесни за секојдневно користење.

Care first. NAOS

Како и со сите други производи направени од NAOS, дерматолошките производи на BIODERMA се формулирани и произведени во Франција.
Сите индустриски активности поврзани со истражувањата и со развојот се наоѓаат на една локација во Aix-en-Provence, овозможувајќи целосна контрола на вредносниот синџир на нашите производи. Самиот NAOS поставува исклучително прецизни критериуми во однос на стандардите на фармацевтската индустрија, кои како резултат имаат единствена екобиолошка експертиза и квалитет.

our-company_french-quality

NAOS отсекогаш сметал дека врвен приоритет се транспарентните формули и безбедноста на кожата.

    Ask.NAOS.com е платформа на интернет која ги наведува сите состојки, патенти и технологии што се користат во производите на брендовите на NAOS.

    За секоја состојка, ќе ги најдете следните информации:

    • Нејзината природа: што е (витамин, растителен екстракт, масло, путер, итн.) 
    • Нејзиното потекло: како се добива (растителен екстракт, минерал, синтетичко или биотехнолошко потекло, итн.) 
    • Нејзината улога: каков ефект има во формулата (навлажнување, смирување, чистење, исхрана, итн.) 

    Овие информации може да ги најдете на Ask.NAOS.com или со скенирање на QR кодот на нашите производи.

     

     

    • our-company_Ask.Naos

      Нешто што можете самите да го сторите на Ask.NAOS.com

      • 450 формули
      • 650 состојки
      • 40 патенти