Спреј лосионот Cicabio овозможува брзо и долготрајно сушење на зафатената регија. Во својот состав содржи минерални прашоци кои гарантираат ефикасност на сушење до 8 часа по апликацијата. Неговото трио на активни состојки за регенерација, делува на секоја фаза од процесот на биолошка епидермална обнова*. Покрај тоа, ANTALGICINE™, биомиметичка* активна состојка, овозможува Cicabio Lotion spray да го смири чувството на непријатност и ја намалува потребата од чешање. Неговите антибактериски агенси (бакар и цинк) го штитат епидермисот. D.A.F. патентираниот комплекс го зголемува прагот на толеранција на кожата*.
Cicabio Lotion spray
Ослабена, иритирана кожа
Смирувачки и обновувачки спреј со ефект на сушење. Долготрајна 8 часовна ефикасност.
Detailed description
CICABIO LOTION SPRAY
За целото семејство (освен предвремено родени бебиња)
Придобивки
-Долготрајно дејство на сушење
-Намалува чешање и непријатност на кожата, ја смирува болката
-Стимулира регенерација на кожата
-Го обновува епидермисот
Одлична подносливост - Без парфем - Пријатен и лесен за употреба, лосион во форма на спреј
Сите BIODERMA производи се формулирани во согласност со екобиолошките принципи, кои се во срцето на NAOS пристапот за почитување на кожата како екосистем и зачувување на нејзиното здравје, долготрајно.



Користете еднаш или двапати на ден додека не се исуши целосно, но не повеќе од 4 до 5 дена
- Чекор 1 Пред употреба, добро протресете
- Чекор 2 Испрскајте еднаш или двапати локално на иритираната површина, претходно исчистена. Испрскајте на дланка или на памучна подлога пред да нанесете на лицето.
- Чекор 3 Избришете го вишокот производ.
- Чекор 4 Затворете го горниот дел по употреба.
Избегнувајте контакт со очите. Не нанесувајте на длабоки рани. Нанесете само на зафатената регија. Ако иритацијата на кожата продолжува, консултирајте се со вашиот доктор.
Работиме секојдневно на влијанието на нашите производи врз надворешната средина. Повеќето од нашите производи се направени од пластика и може да се рециклираат. Сите наши надворешни амбалажи се направени од хартија од одржливо управувани шуми. Погледнете ги локалните упатства за сортирање за да го рециклирате вашиот производ најсоодветно.
Некои површински оштетувања на кожата имаат потреба од примена на производ за сушење. Лосионите за сушење помагаат во апсорпција на вишокот на влага, истовремено обезбедувајки поволна средина за обнова на епидермисот. Амбалажата на лосион во форма на спреј има повеќе предности: обезбедува практична, брза и хигиенска примена без директен контакт со повредената кожа.
Тестирано под педијатриски надзорСуши
За 4 часа, ефект на сушење: 30% (2)
За 8 часа, ефект на сушење: 20% (2)
Овозможува обнова на кожата
Кожата е обновена: 90% (1)
Смирува
Кожата е трајно смирена: 90% (1)
