Hydrabio Perfecteur SPF 30

Дерматолошка нега на кожа за совршени резултати.

СЕКОЈДНЕВНА НЕГА НА КОЖА

Дехидрирана чувствителна кожа Фотозаштита за нормална до сува кожа

Aquagenium™ патент

За кого?

Возрасни, Тинејџери

Кои се состојките ?

Погледнете го составот

Докажана ефикасност

Кожата е моментално хидрирана: 95%.*

-Спречува појава на дамки и брчки
-Долготрајно ја измазнува текстурата на кожата и моментално го осветлува тенот
-Спречува стареење на кожата и штити од УВ зраци
-Интензивно и трајно хидрира
Одлична подносливост - Некомедогено - Одлична основа за шминка

Погледнете го изворот

Сите BIODERMA производи се формулирани во согласност со екобиолошките принципи, кои се во срцето на NAOS пристапот за почитување на кожата како екосистем и зачувување на нејзиното здравје, долготрајно.

Патентираниот биолошки комплекс Aquagenium™ го активира природниот процес на хидратација на кожата, моментално и долготрајно.

Витамин ПП (ниацинамид) ја зајакнува непропустливоста на хидролипидната обвивка.

Екстрактот од семки од јаболко ја стимулира активноста на аквапорините, водени канали, и ја подобрува циркулацијата на водата во епидермисот.

Благодарение на емулзијата инспирирана од структурата на епидермисот, активните состојки на патентот Aquagenium™ продираат длабоко во кожата и имаат насочено дејство. На овој начин, кожата го обновува својот природен хидратантен капацитет. Долготрајно.

Салицилната киселина помага во елиминирање на мртвите клетки, ја намалува дебелината на горниот слој, ја изедначува и измазнува површината на кожата, а тоа доведува до враќање на сјајот.

Витаминот Е штити од оксидативен стрес и спречува предвремено стареење на кожата.

Благодарение на анти-УВА/УВБ филтрите, обезбедува висока заштита од штетните ефекти на УВ зраците и спречува предвремено стареење на кожата. Комбинацијата на пудра во прав и светкави честички, моментално и долготрајно ги отстранува неправилностите и малите брчки а на кожата и дава моментален сјај. Одлично како основа за шминка.

Face Лице
Neck Врат
Производ на Bioderma како да се користи производот чекор по чекор
Производ на Bioderma како да се користи производот чекор по чекор

Наутро

  • Чекор 1 Нанесете Hydrabio Perfecteur SPF30 на лицето после чистење.
  • Чекор 2 Нежно масирајте додека да се апсорбира.

Избегнувајте контакт со очите. Луѓето кои се склони кон алергии треба претходно да направат тест на раката.

Работиме секојдневно на влијанието на нашите производи врз надворешната средина. Повеќето од нашите производи се направени од пластика и може да се рециклираат. Сите наши надворешни амбалажи се направени од хартија од одржливо управувани шуми. Погледнете ги локалните упатства за сортирање за да го рециклирате вашиот производ најсоодветно.

Кожата на лицето секојдневно губи вода и тоа ги засега и мажите и жените ширум светот, независно од возраста и типот на кожата. Кожата е динамичен екосистем кој е во постојана интеракција со својата околина. Под нормални услови, кожата може да се рехидрира природно, но одредени надворешни фактори како што се загадувањето, УВ зрачењето, пушењето, алкохолот, заморот, стресот и климатските промени ја зголемуваат загубата на вода со менување на природните механизми на кожата. Кожата повеќе не е во состојба да го одржува својот природен механизам за хидратација и станува дехидрирана. Епидермисот е оштетен, се формираат микро брчки и се појавува затегнување. Соодветно на тоа, тенот ја губи својата природна боја и станува безживотен.

Тестирано под дерматолошки надзор

Интензивно хидрира
Кожата е хидрирана после нанесување: 95% (1)

Ја прави кожата блескава 
Кожата е сјајна по нанесувањето: 75% (1)

Изедначување на тенот
Значајни резултати се забележани за воедначување на тенот: производот го измазнува тенот и го прави рамномерен (2)

Погледнете го изворот

Интензивно хидрира

Кожата има долготрајна хидратација по 7 дена од нанесувањето: 90% (1)

Кожата е комфорна: 81% (3)

Го воедначува тенот

Кожата е посјајна и радијантна по 7 дена од нанесувањето: 75% (1)

Погледнете го изворот

Овој производ е формулиран според екобиолошкиот пристап на NAOS лабораториите. Во срцето на овој производ:

Водата и липидите се неопходни компоненти на кожата, кои и овозможуваат да остане хидрирана. Во случај на нерамнотежа, кожата станува дехидрирана и повеќе не функционира правилно. Овој патентиран комплекс ја стимулира синтезата на липидите на кожата и активноста на аквапорините. Овие „водени канали“ природно пронајдени во кожата ја пренесуваат водата до епидермалните клетки. Овој патент од NAOS истражувачкиот центар е дизајниран во Aix-en-Provence и развиен во нашите лаборатории.

Надворешниот стрес може да ја направи кожата реактивна и чувствителна. Овој патентиран комплекс го зголемува прагот на толеранција на кожата - без оглед на типот на кожата - за да ја зајакне нејзината отпорност. Овој патент на NAOS истражувачкиот центар е дизајниран во Aix-en-Provence и развиен во нашите лаборатории.

Погледнете ја листата на состојки