Photoderm SPOT-AGE SPF 50+

Збогатена со антиоксидативна заштита од сонце, ги намалува темните дамки и брчките.

Специфична заштита

После дерматолошки третмани, Дамки од сонце, темни дамки, фотостареење

SUN ACTIVE DEFENSE PATENT

За кого?

Возрасни

Кои се состојките ?

Погледнете го составот
Prescribed by dermatologists Препорачано од страна на дерматолози

Клинички докажана ефикасност

Видливо ги коригира знаците на фотостареење: 79%. *

-Овозможува многу висока УВА/УВБ заштита
-Спречува и помага да се намалат видливите знаци на фотостареење (флеки, брчки и губење на цврстина)
-Ја хидрира кожата долготрајно
-Спречува кожни промени и ја обновува кожата
-Лесна, dry touch гел-крем текстура
-Одлична основа за шминка
Одлична подносливост - Некомедогено - Отпорност на вода, топлина и влага- Задржување на заштитниот фактор 8 часа
-Погодно после ласерски третмани


Погледнете го изворот

Сите BIODERMA производи се формулирани во согласност со екобиолошките принципи, кои се во срцето на NAOS пристапот за почитување на кожата како екосистем и зачувување на нејзиното здравје, долготрајно.

Производот на Bioderma го почитува екосистемот на кожата и го зачувува нејзиното здравје

Соларното лентиго или „старечките дамки“ и прекумерната изложеност на сонце се поврзани со подлабоки оштетувања кои на површината се изразуваат со појава на пигментни дамки. Од особена важност е да се делува конкретно на вклучените биолошки механизми.


Затоа, Photoderm SPOT-AGE SPF50+ е развиен во соработка со дерматолозите, со формулирање на три комплеметарни биолошки активни состојки,

кои делуваат на антиоксидантната одбрана, пигментната регулација и регенерацијата на кожата:

Витамин Ц - витамин Е - Centella asiatica

- Витаминот Е и витаминот Ц кој во неговата биолошка активна форма наречена L-аскорбинска киселина е  многу стабилен, обезбедуваат дополнителна антиоксидантна заштита од широкиот сончев спектар. Тие исто така помагаат да се спречи појавата на нови дамки

- Витаминот Е е воведен во неговата најприродна и активна форма, алфа-токоферол. Ги блокира радикалните реакции што овозможува заштита на клеточните мембрани и ограничување на ефектите на фото-стареењето на кожата поради оксидативниот стрес и загадувањето.

- Centella asiatica спречува оштетување на дермисот и ја регенерира кожата

Заштита со широк спектар (УВ - видлива светлина - инфрацрвена)

- Технологијата SUN ACTIVE DEFENSE, наместо да ја преоптоварува кожата со филтри, ги зајакнува способностите за самоодбрана на кожата да ги компензира биолошките влијанија на УВА. Неговата комбинација на соларни филтри и биолошка заштита обезбедува заштита засилена од УВА зраци, видливата светлина, инфрацрвеното и загадувањето за да се спречи и промовира намалувањето на видливите знаци на фотостареење (дамки, брчки, губење на цврстината).

Вистински дерматолошки производ за нега на сонце, оваа течна и лесна формула ја поттикнува секојдневната употреба.

Face Лице
Neck Врат

Секојдневна употреба за да се минимизираат ризиците од хиперпигментации и фотостареење

  • Чекор 1 Нанесете самостојно или по вашиот дневен крем.
  • Чекор 2 Нанесете рамномерно пред изложување на сонце (нанесувањето мала и недоволна количината на производ го намалува нивото на заштита).
  • Чекор 3 Аплицирајте често, пред и по пливање, триење или спортски активности.

Нанесете на здрава кожа. Возрасни. Преголемата изложеност на сонце може да го оштети здравјето.

Работиме секојдневно на влијанието на нашите производи врз надворешната средина. Повеќето од нашите производи се направени од пластика и може да се рециклираат. Сите наши надворешни амбалажи се направени од хартија од одржливо управувани шуми. Погледнете ги локалните упатства за сортирање за да го рециклирате вашиот производ најсоодветно.

Фотостареењето на кожата или хелиодермија резултира со појава хиперпигментација (дамки, брчки, губење на тонусот на кожата).

Резултати докажани со клинички студии

Помага во намалување на видливите знаци на фото-стареење
Намалена просечна длабочина на брчки по 28 дена употреба на 15% * 

Намалена појава на дамки на нови места на кожата: 97% * 
Видливо ги коригира знаците на фотостареење: 79% *

Погледнете го изворот

Овој производ е формулиран според екобиолошкиот пристап на NAOS лабораториите. Во срцето на овој производ:

SUN ACTIVE DEFENSE PATENT : high-technology sun protection, reinforced against UVA rays. An association of UV filters and a biological protection that improves the self defense capacity of the skin to help maintain long-lasting care of its health in the sun.

Погледнете ја листата на состојки