Инспирирана од водечкиот дерматолошки третматн (Kligman's Trio) BIODERMA лабораторијата го дизајнираше LumiReveal's Technology заштитниот патент, за да обезбеди третман за луѓето со хиперпигментација, без несакани ефекти.
Оваа технологија делува на 3 биолошки фази, кои предизвикуваат хиперпигментација, притоа обезбедувајќи добра толерантност:
- Воспаление: глабридинот го намалува воспалението, кое предизвикува хиперпродукција на меланин;
- Продукција: андрографолид + азелаична киселина ја лимитираат продукцијата на меланин;
- Елиминација: Epidermactiv ја зајакнува обновата на кожата преку елиминација на клетките полни со меланин.
LumiReveal Technology е дополнета со коктел од витамини кои се есенцијални за кожата: витамин Ц, Е и ПП кои ја штитат и зајакнуваат бариерата на кожата.
Pigmentbio Daily care SPF50+ дополнително содржи моќна комбинација на сончеви филтри со широк спектар, кои обезбедуваат висока УВА и УВБ заштита.