Sébium Night Peel

Нежен хемиски пилинг кој дава ефект на "нова кожа" за комбинирана и мрсна кожа со неправилности.

Ноќна нега на кожа

Комбинирана до мрсна кожа

Fluidactiv™ патент

За кого?

Возрасни, Тинејџери

Кои се состојките ?

Погледнете го составот

Одобрено од потрошувачи

75% подобрена текстура на кожата.*

-Ги елиминира неправилностите и темните дамки
-Го враќа сјајот на кожата
-Ја подобрува текстурата на кожата: нежен пилинг
Одлична подносливост - Некомедогено

Погледнете го изворот

Сите BIODERMA производи се формулирани во согласност со екобиолошките принципи, кои се во срцето на NAOS пристапот за почитување на кожата како екосистем и зачувување на нејзиното здравје, долготрајно.

Sébium Night Peel е ефикасен нежен пилинг наменет за употреба во домашни услови, за комбинирана до мрсна кожа со неправилности:
- 15% гликолна киселина е одговорна за пилинг-дејството. Оваа АХА киселина природно се наоѓа во овошјето и често се користи од дерматолозите за пилинзи поради високата ефикасност и добра толеранција. Има површинско кератолитичко дејство. Ги намалува флеките и лузните, го враќа сјајот и ја обновува кожата.
- Ексклузивниот патентиран комплекс Fluidactiv™ биолошки го регулира квалитетот на себумот, спречува запушување на порите и превенира појава на неправилности.
- Д-Пантенолот ја смирува и ја обновува кожната бариера.

Face Лице

Навечер

  • Чекор 1 Нанесете секоја вечер на чиста и сува, неиритрирана кожа, во тек на еден месец.
  • Чекор 2 Исплакнете го лицето наутро.
  • Чекор 3 Направете пауза од еден месец помеѓу две употреби.
  • Чекор 4 Може да се користи како дерматолошки пред-пилинг, за подготовка на кожата пред естетска процедура.

Се препорачува пауза од минимум еден месец помеѓу две употреби. Чувствителната кожа може да пројави чувство на непријатност или мало црвенило; ако тоа се случи применувајте го редуцирано. Избегнувајте контакт со очите. Избегнувајте повторливо и продолжено изложување на сонце за време на употребата. Во случај на изложување на сонце, користете соодветна заштита од сонце.

Работиме секојдневно на влијанието на нашите производи врз надворешната средина. Повеќето од нашите производи се направени од пластика и може да се рециклираат. Сите наши надворешни амбалажи се направени од хартија од одржливо управувани шуми. Погледнете ги локалните упатства за сортирање за да го рециклирате вашиот производ најсоодветно.

Жените во позрели години, се подложни на хемиски дерматолошки пилинзи за ексфолијација на епидермисот со цел да се намалат неправилностите, побрзо да се регенерираат клетките на кожата и да се врати природниот сјај на кожата.
Меѓутоа ваквите процедури можат да бидат скапи, тешки и прилично груби, особено за најчувствителната кожа.
За луѓе кои се нетолерантни кон интензивни дерматолошки третмани, како и за оние кои бараат домашна рутина за да ја подготват својата кожа пред процедурата за пилинг, нежните пилинзи безбедни за употреба во домашни услови, се идеалното решение.

Тестирано под дерматолошки надзор

Ги намалува неправилностите и темните дамки
-23% неправилности по 28 дена (1) (2)
-10% темни дамки по 28 дена (3)

Открива сјај на кожата
Сјајна кожа: 75% (1)

Ја измазнува и прочистува текстурата на кожата
Помазна кожа: 90% (1)
Ефект на „нова кожа“: 80% (1)

Погледнете го изворот

Овој производ е формулиран според екобиолошкиот пристап на NAOS лабораториите. Во срцето на овој производ:

Промените во флуидноста на себумот можат да бидат одговорни за појава на неправилности на кожата. Овој патентиран комплекс се бори против згуснувањето и оксидирањето на себумот, со цел да не се запушат порите и да се минимизира ризикот од појава на акни. Овој патент од NAOS истражувачкиот центар е дизајниран во Aix-en-Provence и развиен во нашите лаборатории.

Надворешниот стрес може да ја направи кожата реактивна и чувствителна. Овој патентиран комплекс го зголемува прагот на толеранција на кожата - без оглед на типот на кожата - за да ја зајакне нејзината отпорност. Овој патент на NAOS истражувачкиот центар е дизајниран во Aix-en-Provence и развиен во нашите лаборатории.

Погледнете ја листата на состојки