Woman playing with her baby

Луѓето често го користат терминот „меко како бебешка кожа“ за да опишат мека, кадифена кожа. Но тоа не е секогаш така! Освен кај предвремено родените бебиња, кожата на новороденчињата е целосно формирана пред раѓањето.

Сепак, таа е потенка и не може толку ефикасно да ја извршува својата заштитна функција како што е тоа случај кај возрасните. 

Неколку недели по раѓањето, новороденчето престанува да лачи себум и неговите/нејзините лојни жлезди нема да се активираат сѐ до периодот на адолесценција. Поради ова хидролипидниот слој е потенок и не може толку добро да ја заштити кожата што доведува до:

  • Сува кожа која е подложна на иритација
  • Пропустливост на заразни супстанции или алергени, кои ја влошуваат иритацијата. 
  • Dr Michèle Sayag, allergologist
    Michèle Sayag, Алерголог.

    Често поставувано прашање:  На мојата ќерка во овој период и никнуваат првите заби и има црвено газе. Користам крем без парабени бидејќи е алергична на парабени, но не делува многу добро. Што би можела да користам?

    Можете да го промените производот и да користите паста на водена база, наизменично со смирувачки крем за регенерација, обновување.

    Michèle Sayag, Алерголог.
  • Dr Michèle Sayag, allergologist
    Michèle Sayag, Алерголог.

    Често поставувано прашање: Дали треба да ја хидрирам кожата на бебето после капење? Дали е доволно " cold cream " сапун?

    Ако вашето бебе има сува кожа, треба да нанесете хидратантен  крем после бањање, или повремено да ставате бебешко масло во бањата. Дури и ако вашето дете нема сува кожа, нанесувањето на хидратантен  крем после капење може да создаде специјални моменти за да се поврзете со вашето бебе.

    Michèle Sayag, Алерголог.
Baby in a bath

Покрај тоа, површината на детската кожа е два до три пати поголема од површината на кожата кај возрасен човек (повисок сооднос меѓу површината и тежината). Поради тоа, производот нанесен на детската кожа продира многу полесно. Апсорпцијата е исто така подобра кај влажните делови (кожата во делот под пелените), оштетената кожа (пеленски осип) и местата каде кожата се превиткува.

Оттука е многу важно да се користат ефикасни и многу нежни производи за чистење и нега на телото кои овозможуваат:

  • Високо ниво на толерантност, водејќи сметка за специфичните потреби на детската кожа
  • Високо ниво на безбедност, кое ги исполнува строгите критериуми за креирање и производствто, прилагодени на кожата на новороденчињата и бебињата.

Atopic Skin

Ослабена од надворешните влијанија како што се ветрот, студеното време, тврдата вода или греењето, бебешката кожа се суши и станува пореактивна. 

Во случај на атописки дерматит, кожата на вашето дете е многу сува и груба, а понекогаш и пропратена со црвенило. Детето има затегната кожа, која понекогаш го чеша и го нарушува спиењето.

 Атопичниот дерматитис е кожно заболување кое често се појавува во првите два до три месеци и во најголемиот број случаи исчезнува по неколку години. Орожнетиот слој  кај овој тип на кожа е исклучително пропустлив поради недостатокот на липиди. 

Кожата не може соодветно да ја врши својата заштитна функција. Не го штити телото од алергените присутни во околината, дозволувајќи им полесно продирање. Чувствителноста на овие алергени предизвикува воспаление, кое води до избивање на егзем што е најчесто придружено со силно чешање.


Со чешањето се предизвикуваат лезии кои ја зголемуваат иритацијата на кожата. Таа станува попропустлива за алергени што може да предизвикаат нова акутна воспалителна реакција. Исклучително сувата атопична кожа се развива низ последователни фази на воспаленија и ремисии.

За да дознаете повеќе за атопијата, кликнете овде.

 Идентификувани се трите главни видови алергени од надворешната средина кои се одговорни за акутните воспалителни реакции:

Picto Animal
Алергени во воздухот грини, полен, влакна од домашни миленици, пердуви, итн.
Picto Arachide
Алергени од храна
Mineral
Контактни алергени никел, парфеми, итн.

Пеленскиот осип е вообичаен проблем кој се појавува во одредени ситуации како што се: триење од пелените, премногу агресивно чистење, дијареа, промена во исхраната, некои воспаленија и растење на забите.


Кај повеќето случаи на пеленски осип се работи за појава на иритирачки дерматит предизвикан од затвореноста на пелените, влошен поради контактот со фецесот и урината и понекогаш придружен со бактериска инфекција.

За да се спречи пеленскиот осип мора да се елиминира окузијата и влагата предизвикана од пелените

Baby - Atopic Skin

Треба да се преземат неколку мерки на претпазливост:

  • Редовно пресоблекувајте го детето ;
  • Измивајте по секоја промена на пелената, користејќи нежно средство за хигиена без сапун кое гарантира безбедност и толерантност (премногу агресивните средства го менуваат заштитниот слој на кожата);
  • Исушете ги нежно, особено на местата каде кожата се превиткува;
  • По секоја промена на пелената нанесете крем на водена база со антибактериски состојки кои гарантираат безбедност и толерантност. Ова ќе го смири, заштити и обнови епидермисот на задникот на вашето бебе со што ќе помогне во отстранувањето на пеленскиот осип.
  • Доколку пеленскиот осип не исчезнува, консултирајте се со лекар.

Што ги предизвикува иритациите околу устата?

Црвенилото, ситните точки и сувата рапава кожа се карактеристики на кожната иритација околу устата. Оваа иритација е резултат на влагата предизвикана од плунка по долготрајно користење на цуцла, цицање на палец или на друг предмет или поради растење на запчињата.


Амилазата, ензим присутен во плунката, е фактор кој предизвикува влошување на иритацијата. Влошени или изменети поради студеното време и ветерот, овие кожни иритации околу устата најчесто се појавуваат во зима.

  • Бебињата воопшто не треба да се изложуваат на сонце.
  • На кожата на малите деца ѝ е потребна особено висока заштита со највисоки гаранции за безбедност.

Прочитајте повеќе за мерките што треба да ги преземете кога вашите деца се изложени на сонце  тука.

     

     

    Your skin - child protected under the sun

    Посветете повеќе внимание на ризичните делови како што се лицето, контурите околу устата, пределот под пелените и сите делови каде кожата се превиткува.
    Не подлегнувајте на искушението сами да ги лечите бебињата и децата. Секогаш консултирајте се со вашиот фармацевт или педијатар.
    Не му облекувајте на детето волнени или синтетички алишта кои ќе имаат директен допир со кожата.                                                                                                                                                                                  Често перете ги плишаните играчки.
    Избегнувајте ќилими и теписи.
    Внимавајте воздухот во просторијата во која престојува вашето дете да не е премногу сув и температурата да не е повисока од  19° до 20°C.

    Your Skin - Children

    Капењето е посебен момент - искористете го! За да го избегнете стресот и вознемиреноста, подгответе сѐ што ви е потребно пред да започнете со капењето. Ова ќе ви овозможи потполно да се посветите на вашето дете за време на овој нежен момент. Сите производи за хигиена и нега на телото мора да гарантираат безбедност и толеранција.
    За тело и коса:
    Внимателно измијте го детето со нежно средство без сапун кое ја почитува рамнотежата на кожата и не предизвикува солзење на очите.
    Исушете ја кожата со нежно тапкање.
    Скалпот и кожата на детето треба да се мијат на секои два или три дена. Одберете нежен шампон кој не предизвикува печење и солзење на очите и кој ја почитува рамнотежата на бебешката кожа и коса. Нежно исплакнете ја косата на детето, внимавајќи водата да има соодветна температура, а притисокот да не е пресилен.
    По секое капење, нанесете соодветен производ за хидрација кој ја храни детската кожа.

    За лицето и очите:
    Нежно измијте го лицето на детето со нежен пенлив гел или маслено средство без сапун кои ја почитуваат рамнотежата на кожата и не предизвикуваат печење и солзење на очите. Исушете ја кожата со нежно тапкање.

    За рацете:
    Нежниот пенлив гел кој го користите за капење, може да го користите и за секојдневно миење на рацете.
    За менување на пелените:
    По секоја промена на пелената, внимателно исчистете го задникот на детето користејќи нежно средство без сапун за да ја отстраните нечистотијата, вишокот заштитна крема. Нежно избришете го, особено на местата каде кожата се превиткува. За измивање се препорачува употреба на нежен гел за чистење без сапун кој е прилагоден на детската кожа. 

    Baby in a bath

    Детската кожа е чувствителна. Таа мора да научи како да се одбрани од надворешниот стрес. За да ја заштитите, треба секојднево да нанесувате соодветна хидратантна нега, која гарантира безбедност и толерантност.

    Доколку вашето дете има нормална кожа, секојдневно користете хидратантно млеко за да ја нахраните и заштитите неговата кожа.

    За сувата кожа одберете екстра хранлива нега која ја обновува заштитната функција и овозможува моментално чувство на пријатност. 

    Baby - Mom putting cream

    СОВЕТИ ЗА БЕБИЊА СО МНОГУ СУВА И АТОПИЧНА КОЖА

    Покрај советите што ќе ги добиете од вашиот дерматолог, за да го подобрите квалитетот на живот на вашето дете треба да ги преземете и следните мерки на претпазливост:

    • Секој ден или секој втор ден искапете го бебето во умерено топла вода. Температурата на водата не треба да биде над 35°C, бидејќи сувата кожа не поднесува многу топла вода. Не користете пенливи купки или сол за капење бидејќи тие ја сушат и иритираат детската кожа. 
    • Капете го вашето дете користејќи нежно средство, без сапун, без парфеми, кое гарантира безбедност и толерантност, и кое нежно ќе ја исчисти сувата кожа, ќе го смири чешањето и ќе го спречи сушењето ограничувајќи го со тоа и размножувањето на микроорганизмите кои може да ја влошат состојбата кај сувата кожа. 
    • Исушете ја кожата на детето многу внимателно, со нежни тапкања, посебно во предолот каде што се превиткуваат
    • Еднаш или двапати дневно нанесете поголема количина средство за нега и заштита кое гарантира безбедност и толерантност, кое ќе го смири чешањето и ќе ја заштити кожата од сушење, така што ќе ги обнови липидите (за да се зајакне и обнови заштитниот слој на кожата) и ќе го ограничи размножувањето на микроорганизмите кои може да влијаат на појавата на егземи.
    • Избегнувајте алергени кои може да предизвикаат појава на егземи, како што се грините, поленот, животинските влакна и пердуви. 
    • Препорачливо е да го облекувате детето во памучни алишта бидејќи останатите материјали, особено волната и синтетиката, може да ја иритираат детската кожа.
    • Изберете нежен детергент и не го користете во преголема количина кога ги перете нивните алишта. Премногу детергент може да ја зголеми чувствителноста на детската кожа. Не заборавајте да ги испеглате алиштата бидејќи така ќе бидат помеки за носење. 
    • Hастојувајте температурата во Вашиот дом и во собата во која престојува детето да не е превисока (19 и 20°C). Во спротивно, воздухот може да се исуши и да предизвика оштетување на кожата.

     

    • Dr Michèle Sayag, allergologist
      Michèle Sayag, Алерголог.

      Често поставувано прашање: Како може да се спречи и лекува атопичниот дерматит?

      Превенцијата се користи за деца „изложени на ризик“, имено деца со барем еден родител склон кон алергија. Во овие случаи, на пример, знаеме дека е најдобро да се избегнува контакт со мачки во текот на првите неколку недели. Што се однесува до третманот, пробивот на егземата треба да се третира што е можно порано со локални антиинфламаторни лекови (дермокортикостероидни креми). Промените во кожната бариера треба да се третираат секој ден со емолиент.

      Michèle Sayag, Алерголог.
    • Dr Michèle Sayag, allergologist
      Michèle Sayag, Алерголог.

      Често поставувано прашање: Мојот двегодишен син има атопична егзема. Кој е добар режим за нега и чистење на кожата за него? 

      1) Употребувајте соодветна рутина за чистење со средство за чистење без сапун и кратко капење или туширање во топла вода;   

      2) Користете локален антиинфламаторен третман за  лекување на егзема (обично дермален кортикостероид) пропишан од специјалист за детски болести или дерматолог, неопходен за да се избегне влошување на состојбата на вашето дете и кој треба да се примени во доволна количина и  одреден временски период, според советот на вашиот доктор;                                                    

      3) Нанесете емолиент на целото тело (освен на деловите со егзема) барем еднаш  дневно, и продолжете да нанесувате секој ден дури и откако ќе се повлече егземата, со цел да се спречи нејзино повторно појавување.

      Michèle Sayag, Алерголог.