Мрсната кожа генерално има задебелена текстура, проширени пори и невоедначен, мрсен и сјаен изглед. Овој изглед е поради вишокот на себум, кој поттикнува појава на неправилности на кожата, како „црнки“ и „акни“. Кај комбинираната кожа, неправилностите обично се лоцирани на Т-зоната: челото, носот и брадата. Остатокот од лицето и телото можат да имаат нормална, па дури и сува кожа. Комбинираната кожа е неурамнотежена и лесно се оштетува. 

Што предизвикува акни?

Акните се воспалителна состојба на кожата предизвикана на пило себоцеалната фоликула. За акните се одговорни три поврзани фактори: 

хиперсебореа хиперкератинизација и бактериска пролиферација.ова е прекумерно лачење на себум што е резултат на хормонска активност предизвикана за време на пубертетот. Кожата станува мрсна и сјајна. Освен ова, има ризик од квалитативна абнормалност на себумот, што значи дека составот на себумот се разликува од здравиот себум. Погуст е и потешко истекува од фоликулата, што го зголемува ризикот за создавање комедони.
Хиперкератинизација преголемо размножување на клетките на ѕидовите на фоликулниот канал, кое ја затнува пората и спречува да се испразни себумот. Ова предизвикува појава на комедони, кои се мали нерамнини на кожата, кои можат да бидат во боја на кожа (затворен комедон или микроциста) поради кои кожата има грануларен изглед: или имаат црн центар (отворен комедон) што покажува дека на површината на комедонот има меланин (кожен пигмент).
Размножување на бактерии: себумот е идеална храна за одделни бактерии, особено за Propionibacterium acnes, која е природно присутна кај секого, но кај во случај кај акните се размножува во пило себоцеалната фоликула и предизвикува воспаление. Комедонот во тој случај се претвора во болна црвена мозолка наречена папула (воспалена лезија).

Кои се различните видови неправилности на кожата?

Акните имаат неколку вида лезии, често со зголемена себореа (наречена хиперсебореа).

Комедонски лезии: Затворени комедони или микроцисти,
Отворени комедони или „црнки“, а понекогаш и поголеми цисти (повеќе од 5 милиметри), наречени макроцисти.
Инфаламаторни лезии: Инфламаторни лезии: папули, пустули и нодули поради воспалиение на ретенционалната лезија
Лузни од можни лезии: Хиперпигментирани места кои настануваат како споредна последица на воспалението.

Акните ретко се појавуваат кај новороденчиња - поради андрогените хормони на мајката - или кај постари деца. Акните се адолесцентна дерматоза. Оваа состојба добива полиморфен облик бидејки обединува повеќе типови лезии. 
Состојбата обично почнува на возраст од 12 до 14 години и ги напаѓа најмрсните делови на кожата, како лицето, а често и градниот кош и грбот на различни делови. Акните се предизвикани и од нерамнотежното лачење на хормони за време на пубертетот. 

Кај жените, особено по триесеттата година, актните се појавуваат повеќе на долниот дел од лицето (вилицата) и на вратот. Често има хормонална компонента заедно со традиционалните причинителни на акни. 

Што е различно кај акните кај жените?

Факторите што поттикнуваат создавање на акни кај воздрасните жени се:

несоодветна козметика, сонце, исхрана, итн. И пушењето го поттикнува овој феномен: преку 41% од пушачите имаат акни, наспроти 9% од непушачите.
И генетиката може да игра улога Доколку има семејна историја, вообичаено е овој проблем на кожата да се јави во позрела возраст.
На крај, некои медицински третмани, како контрацепција, хормони и антидепресиви можат да предизвикаат појава на акни и други неправилности.


За разлика од кожата на адолесцентите, кожата на возрасната жена е помалку себороична, што значи дека произведува помалку себум. Неправилностите се воглавно лоцирани на долниот дел од лицето (брадата, вратот и долната вилица). Тие се хронични лезии кои се повторуваат како инфламаторни (акни) и комедонални (црнки). За да се коригираат овие проблеми на кожата, потребно е да се користат соодветни третмани, кои не се исти како оние кои се користат за адолесцентните акни.  

 

Дали знаевте?

Проблеми со неправилности на кожата:

  • 50% од жените постари од 25 години имаат проблеми со неправилностите на кожата. 
  • 40% од овие жени немале акни во адолесценцијата.

  • Строго следете го третманот

Третманот против акни нема да функционира од првата примена, па морате да бидете трпеливи. Меѓутоа, прилично брзо ќе ги видите резултатите, ако секојдневно се приджувате до третманот: хигиена прилагодена за кожа склона кон акни + медицински третман наутро и навечер. Во зависност од особата и типот на акни, значајно подобрување е видливо по 4 до 6 недели.  

  • . Избегнувајте го сонцето

Вистина е дека може да ги исуши акните и да ги скрие неправилностите преку сончањето, па кожата да ви изгледа почиста и помазна. Но, ќе ги нагласи Вашите неправилности (или комедони) подоцна, со задебелување на орожнетиот слој што на тој начин ги задржува клетките и себумот во пило себоцеалната фоликула. Ова го зголемува бројот на комедоните и незибежно поттикнува појава на големи неправилности кога ќе избледи темниот тен. За да се избегне овој јо-јо ефект и непријатни изненадувања кога ќе помине одморот, зашитете ја кожата со производ за заштита од сонце со заштитен фактор 30. Користете немрсни спрејови или течна текстура наменета за мрсна кожа склона кон акни.  

  • . Не ги стискајте акните

Колку повеќе ги допирате акните, толку повеќе го влошувате воспалението (го зголемувате нивниот број и големина), толку поверојтано е дека ќе станат пустуларни (акни со исцедок) и толку е поголем ризикот дека ќе се појават лузни.  

Употребувајте неагресивни производи за чистење кои не го отстрануваат површинскиот слој на  епидермисот и не ги менуваат липидите во хидролипидниот филм или орожнетиот слој. Може да користите пилинг, но ако не користите медицински третман, кој генерално веќе ја ексфолира кожата. Мицеларните води одговараат многу добро за чистење на мрсната кожа. Од суштинска важност е чистењето на кожата секоја вечер, дури и ако немате шминка. Ова ги отстранува нечистотиите, загадувачите и сите видови други остатоци кои останале на кожата во текот на денот.  

Еднаш до двапати дневно, нежно нанесете прилагодени производи за нега кои ќе ги изберете од линијата дермокозметичките производи наменети за мрсна кожа склона кон акни. Ако користите медицински производ препишан од лекар, користете го редовно според насоките. Ако користите локални или орални дерматолошки средства кои ја сушат кожата, треба да користите дополнителен третман наменет за комбинирана или мрсна кожа за секојдневна нега за добро да ја хидрирате вашата кожа и усни. Некомедогени коректори , ББ креми и пудри можат да Ви помогнат да ги скриете неправилностите.