Normal hair and scalp

Имаме меѓу 100,000 и 150,000 влакна (сѐ до 200,000 влакна кај луѓето со црвена коса) кои се всадени во нашиот скалп.

Секое од нив е составено од корен или булба и од стебло на влакното, односно самото влакно.

Најзначајни компонени на косата се кератин и меланин, пигмент кој ја дава природната боја на косата. Растот на косата настанува кога клетките на коренот се размножуваат и се движат нагоре, оформувајќи го стеблото на влакното.

Оттука, многу е важно скалпот - или со други зборови местото каде што се наоѓа коренот на влакното - да биде здрав и да ги обезбедува хранливите елементи кои се неопходни за животот на косата.

Животниот век на косата има три фази: 

Step 1
1/ Анагена фаза период кој трае од три до седум години и за време на кој косата расте околу 2 мм секоја недела. Од коренот расте кератинското стебло на влакното, односно видливиот дел од косата
Step 2
2/ Катагена фаза краток период од една до две недели кога косата престанува да расте и умира
Step 3
3/ Телогена фаза период од околу три месеци кога мртвата коса останува прикачена за скалпот пред да падне. Ова е времето кое им е потребно на клетките да се симнат назад до коренот за да започнат нов циклус. Секој корен произведува од 20 до 25 стебла на влакно во својот животен век.

Иако последиците се видливи на косата, сите процеси се одвиваат на ниво на скалпот.

Многу луѓе се жалат на пецкање, чешање, чувство на нелагодност, топлина и евентуално црвенило. Ова може да биде предизвикано од повеќе фактори како што се топлината, студот, загадувањето, емоциите, сувиот или влажен воздух, водата и шампоните.

Иритацијата на скалпот е пореметување на кожата кое се поврзува со низа физиолошки промени.

Стрес, како и користење на класичен шампон кој содржи иритирачки средства (тензидни детергенти и други состојки за кои може да постои слаба толерантност), често предизвикува иритации. Стресот на скалпот го менува хидролипидниот филм и предизвикува нерамнотежа во заштитниот слој на кожата.

Резултат од тоа е полесно испарување на водата и сушење на кожата, со што им се дозволува на иритирачките супстанци да навлезат и да предизвикаат клинички знаци на иритација, чешање, чувство на нелагодност, затегнатост.

Таа е тешка и без волумен и најчесто изгледа мрсно, особено во коренот. Основниот причинител на оваа појава е хиперсебореата, која може да биде предизвикана од повеќе фактори.

Вишокот себум се насобира во коренот кој што потоа изгледа мрсно. Косата е тешка и права, лесно се заплеткува и често изгледа нечисто бидејќи себумот ја заробува прашината од воздухот и прави тој полесно да се прилепи на косата.

Ова е сосема спротивна ситуација од претходната.

Косата е сува, кршлива, слаба, тешка за расчешлување и фенирање, со распукани врвови.

Сувиот скалп води кон сува коса. Ова е предизвикано од недостатокот на себум што може да биде вродена карактеристика кај луѓето кои природно лачат многу малку себум  или пак да се појави подоцна поради сувост поврзана со надворешни фактори на стрес како што се сонцето, ветрот, загадувањето, морската вода или водата од базен, интензивното чешлање или исправување на косата, белеењето или третманите за трајно виткање на косата. Во сите овие случаи заштитниот слој на кожата повеќе не може да ја врши својата улога, губењето на водата е забрзано а косата станува сува, кршлива и груба. Поради недостатокот од влажност, ваквата коса е тешка за чешлање и склона кон електрицитет.
 

Како да обезбедам правилна хигиена на косата?

Сите типови коса треба да се мијат без притоа да се предизвика иритација или отстранување на хидролипидниот слој за да не се наруши физиологијата на коренот на косата.

Само шампон кој не содржи детергент може да ја заштити биолошката рамнотежа на косата. Овој вид шампон не содржи сурфактанти кои би биле прегруби за влакното. Доколку носите шапка, тренирате некој интензивен спорт или живеете во место со високо ниво на загаденост, треба да ја миете косата секој ден. Поради тоа е важно да изберете шампон кој не содржи детергенти. Постојат и некои медицински шампони кои не содржат детергент. 

 

Кои се знаците на прекумерно опаѓање на косата

Губењето на помалку од 100 влакна дневно е апсолутно нормално бидејќи соодветствува со природниот циклус на косата. Доколку губите повеќе влакна, треба да се погрижите за состојбата на вашата коса.

Кога не се работи за наследен фактор (ќелавост), прекумерното опаѓање на косата често може да биде поврзано со:

Body areas
Привремени ситуации стрес, замор, бременост (по раѓање на детото), промена на годишните времиња (особено на есен), недостаток од хранливи материи (особено железо, силициум, витамини од групата Б, цинк, есенцијални масни киселини, амино киселини што содржат сулфур, олигоминерали), опоравување по некоја болест и хормонални проблеми.
Pollution
Надворешен стрес кој може да биде физички (професии кои налагаат користење на кацига), хемиски (загадување, прекумерно користење на бои и киселини за трајно виткање на косата), инфективен (габична инфекција) или паразитски (вошки).

Сите овие фактори неизбежно ќе имаат влијание врз косата. Покрај опаѓањето на косата, ова може да резултира и со кршлива, безживотна и уморна коса или пак мрсна и тенка коса.

Внесувањето на нутритвни суплементи може да влијаат поволно за косата. Со цел да се стимулира, зајакне и згусне косата, овие додатоци треба да содржат хранливи материи кои го стимулираат создавањето на висококвалитетен кератин, ја ограничуваат хиперсебореата и го поттикнуваат растот на косата. Доколку се збогатени со магнезиум, ваквите додатоци можат да помогнат во справувањето со стресот, кој исто така може да предизвикува опаѓање на косата.

Доколку имате проблем со значително и упорно опаѓање на косата, треба да посетите дерматолог.

Woman taking medication

Too much sebum pore

Мрсната коса е најчесто резултат на зголеменото лачење на себум од лојните жлезди кои се наоѓаат во скалпот. Наречен хиперсебореа, овој феномен самиот по себе не е одговорен за мрсната коса.

Мрсната коса може да биде предизвикана од:

  • Промена на квалитетот на себумот кој станува пофлуиден и поради тоа побрзо и полесно стигнува до стаблото на влакното,
  • Формирање калциумови соли кога себумот доаѓа во контакт со калциумот во водата од чешма кога ја миете косата. Овие соли прават косата да биде тешка и да изгледа масно.

Забелешка

Пречестото миење на косата и употребата на шампони кои содржат многу детергент предизвикува ризик од појава на реактивна хиперсебореа. Кога себумот е отстранет со агресивно миење, лојните жлезди може да се „возбудат“ и прекумерно да лачат што уште повеќе ги замастува косата и скалпот.

  • Имајте балансиран, разновиден, здрав начин на исхрана со лесни оброци составени главно од свеж зеленчук, овошје и житарки, како и храна богата со есенцијални масни киселини, амино киселини кои содржат сулфур, цинк и витамини од групата Б (риба, морски плодови, црн дроб, јајца, масти, јогурт итн.)
  • Научете се на живот без стрес. Дајте си време за релаксација за да ја намалите напнатоста.
  • Надоместете ги недостатоците со земање додатоци на исхраната.
Woman eating healthy food

1/ Пред да нанесете шампон масирајте го вашиот скалп со кружни движења од вратот кон врвот на главата.Ова не само што го стимулира растот на косата преку подобрување на микроциркулацијата, туку воедно и го подобрува дејството на шампоните.

2/ Користете шампон и по можност третман кој е прилагоден за вашиот тип на скалп и коса. Доколку треба да ја миете косата секој ден, одберете шампон без детергент наменет за секојдневна употреба.

Доколку се работи за медицински шампон, следете ги упатствата на дерматологот или советите на фармацевтот.

3/ Темелно исплакнете ја косата со топла вода. Плакнењето на косата треба секогаш да трае подолго од миењето на косата со шампон.

Bioderma - woman cleansing her back

  • Внимателно исушете ја косата. Природното сушење е најнежниот начин. Доколку е потребно да користите фен, користете пониска температура, бидејќи прекумерната топлина има агресивно дејство на косата, стимулира лачење пот и секреција на себум што ја електризира косата. Нежно чешлајте ја косата. Чешлањето треба да биде нежно за да не го повреди скалпот и стеблото на влакното. Тоа е многу важно за да се отстранат честичките нечистотија кои ѝ ја одземаат свежината на косата.
  • Користете чешли или четки за коса направени од природни материјали и не заборавајте редовно да ги чистите со шампон или антисептичен сапун.
Woman with hair in the wind