Сувата кожа се одредува најпрво по чувството. Луѓето чувствуваат дека кожата им е сува бидејќи ја доживуваат како непријатна, затегната, груба и со нанесување на соодветен производ ја смируваат. Овие симптоми понекогаш можат да бидат придружени со чувство на чешање и пецкање. Докторот ќе процени дали кожата е сува (се користи и терминот ксероза) врз основа на објективни критериуми: изгледот на кожата е без сјај, специфични клинички епидермални знаци на десквамација, испуканост, понекогаш воспаленост и губење на еластичноста. Неправилностите на површината на кожата се многу поважни од фактот дека таа е сува. Сувата кожа представува поволна средина за развој на егземи, особено во вид на депигментирани егземи (pityriasis alba). Тие генерално се појавуваат на образите и на рацете на децата со вродено сува кожа (што се појавува како дел од атопичен дерамтитис).

Во рамките на сувата кожа, има различни фази:    

Сува кожа: повремена непријатност, мала затегнатост и лесна десквамација
Многу сува кожа: значителна непријатност и затегнатост, интензивна десквамација, испуканост, грубост,
Пре-атопична ксероза: груба, многу сува кожа (суви парчиња) и лесна иритација.

Здравата кожа е природно заштитена на површината со хидролипиден филм, составен воглавно од вода и липиди (себум). Тој е непропустлив, ја заштитува кожата од надворешен стрес и го намалува губењето на водата. Кога горниот слој на епидермисот нема добра рамнотежа на вода и липиди, не може повеќе ефективно да ја исполнува својата функција на бариера и чувството на кожата станува непријатно на различни начини, како што е објаснето погоре. За разлика од дехидрираната кожа, сувата или многу сувата кожа е хронична состојба генерално предизвикана од генетско нарушување. Тоа е тип на кожа, како мрсната кожа, комбинираната кожа, итн. Освен вродената сувост, има и состојби на сува кожа кои се предизвикани од други фактори:

надворешни, од околината или од времето, болести на кожата (атопичен егзем, псоријаза, итн.)
генерални болести (тироида, дијабетис, недостатоци на хранливи материи, итн.)
и/или медицински третмани.

1/ Сувата или многу сувата

кожа означува посебен тип на кожа. Тоа е постојана состојба која ја карактеризира затегнатост на целото лице и тело, предизвикана од абнормалност на бариерата на кожата. Кожата е тенка, има затегната структура и црвенило, ѝ недостасува вода и липиди.

Дехидрираната кожа може да јави кај сите типови кожа во било кое време во текот на животот. Ова е повратна, привремена состојба која ја карактеризира локализирана, повремена затегнатост поради лошото врзување и губењето на водата. На кожата ѝ недостасува влажност, па поради тоа е непријатна, а понекогаш и лушпеста. Прочитајте повеќе за дехидрираната кожа овде 

Skin changes with age

Некои луѓе се раѓаат со сува кожа; таа е дел од нивното генетско наследство. Важно е да се разбере дека кожата се менува со возраста. Посува е кај децата (освен кај новородените; меѓутоа, губењето на водата е позначително на таа возраст), станува помрсна во пубертетот, а потоа пак станува посува во возрасните години (себоцитните жлезди и потните жлезди стануваат помалку функционални).

Природното стареење на кожата предизвикува епидермисот да станува потенок (бидејќи се намалува стапката на обнова на клетките), а рожнестиот слој станува подебел.

Ако имате постојана непријатност, конктактирајте дерматолог кој ќе може да дијагностицира дали имате сува или дехидрирана кожа. Ако кожата одеднаш Ви стане сува, треба да се пронајде факторот кој допринел до таа состојба:

  • можеби е промена на средината (работа во различна атмосфера, вклучување во активност што ја суши кожата, како пливање во базен, или користење на агресивен сапун или гел за туширање по спортување),
  • внатрешна болест или медицински третман (лекови против холестерол, итн.).

Доколку има одговорен причинител, треба колку што е можно да се коригира. 

Bioderma - dermatological expert

Освен непријатноста што ја предизвикува, сувата кожа дозволува иритансите и алергените да навлезат во кожата. Таа ја поттикнува и појавата или опстојување на одредени состојби (егземи, псорјаза).

  • Затоа треба да се хидрира. Првиот чекор е да се пие доволно количество вода. Исто така, секогаш е важно да се изберат неагресивни производи за хигиена и нега на кожата.
  • Употребувајте хранливи, без детергенти, и ако е потребно, рехидрирачки производи за чистење (во вид на млека, кремови, балсами, масла, во зависност од областа и степенот на сувост). Целта е да се намали губењето на водата, да се задржи
  • доволно количество вода во епидермисот и да се обнови нарушената бариера на кожата.

Избегнувајте претопла и задушлива атмосфера во просториите. Обидете се да пиете 1,5 литар вода дневно (освен ако лекарот не Ви каже поинаку).  

Еднаш до двапати дневно, мијте го лицето со благо средство за чистење што нема да ја оштети бариерата на кожата.
За да ја исушите, нежно тапкајте ја кожата без триење. 

Наутро и навечер, по миењето, нежно нанесете хидратантно средство и емолиент за да се намали чувството на затегнатост и да ја заштитите кожата од надворешни влијанија. Не заборавајте да ја прихранувате кожата на лицето и телото со соодветни производи за нега.