Woman with hair in the wind

Без оглед дали се работи за привремено или трајно црвенило, розацеа или купероза, некои типови чувствителна кожа имаат бурна реакција во одредени околности. Топлината и УВ зрачењето се два фактора кои ја поттикнуваат чувствителноста.

Кога се изложени на сонце, малите крвни садови кои го предизвикуват црвенилото се шират и стануваат повидливи, особено кај луѓето со светла, тенка кожа кои се најсклони кон појава на црвенило. Луѓето со овие типови на кожа треба да се заштитат користејќи препарати специјално формулирани да го спречат влошувањето на црвенилото. 

Како реагира кожата со неправилности при изложување на сонце?

Сонцето може да биде непријател и за тинејџерите и за возрасните кои имаат кожа склона кон појава на акни. Најпрво се чини дека чудесно ја подобрува состојбата на кожата со тоа што ги суши акните. Но, сончањето всушност го задебелува епидермисот со што постепено се запушуваат порите. На овој начин се отежнува лачењето на себум (кој е погуст кај кожата склона кон појава на акни).

Неправилностите не се забележуваат додека исончаниот тен не избледи. Во тој случај, порите кои со недели биле затнати, во комбинација со отежнатото лачење на себум создаваат акни.

Ова е класичниот ефект на враќање на неправилностите по изложувањето на сонце. Луѓето со кожа со неправилности треба да се заштитат од сонцето со специјални флуидни препарати кои ќе ја намалат густината на себумот и ќе ја измазнат текстурата на кожата, за да спречат нивно повторно појавување. Текстурата на производите е лесна, нелеплива и остава мат ефект. Може да бидат и тонирани со цел да ги покријат неправилностите. 

Чувствителната, нетолерантната и кожата склона кон алергии имаат прекумерна реакција на околината. Поради ова строго се препорачува да се избегнува изложување на сонце и да се користи фотозаштита. Сепак, важно е да се направи разлика меѓу овие проблеми со цел да се најде најсоодветното решение.

Your skin - child protected under the sun
Don't

Фотосензитивната кожа не треба да се изложува на сонце. Оваа состојба е предизвикана од одредени болести присутни од раѓање или пак од пречувствителност стекната подоцна во животот. Одредени медицински третмани можат исто така да предизвикаат привремена нетолерантност кон сонцето. Мора да се користат препарати со висока заштита кои имаат СПФ 50+/УВА 50 индекс за да се овозможи целосна заштита од  УВБ и УВА зраците и да се спречат сериозните воспалителни реакции кои може да ги предизвика сончевото зрачење. 

Mineral

Кожата на некои луѓе е алергична на традиционалните хемиски филтри кои ги има во препаратите за заштита од сонце. Во овие случаи, заштитата од сонце се овозможува преку препарати кои содржат минерални (физички) филтри, кои се значително подобрени и не оставаат бели траги на кожата. .

Calendar

Алергии на сонце често се појавуваат за време на првите неколку дена од изложувањето на сонце. Најчесто се работи за лесен осип, состојба која најчесто се појавува кај младите жени (80% од случаите*), а кој самиот од себе исчезнува штом кожата ќе почне да потемнува.

Симптомите се црвенило, силно чешање, појава на мозолчиња, кои се одразуваат на квалитетот на живот. Најдобриот начин да се заштити кожата е со препарат кој содржи широк спектар на анти-УВБ состојки кои спречуваат изгореници од сонце и анти-УВА состојки кои ги блокираат зраците што предизвикуваат алергиски реакции. Во овој случај, важно е да се почитува соодносот 1:1 SPF/IP УВА  (ова значи дека постои еднаква заштита против УВБ и УВА зраците со цел да се намалат непријатностите предизвикани од алергиите).

*Ann Dermato Venereol, 2007

Доколку сте имале хируршка или козметичка процедура или повреда на дел од телото кој може да биде изложен на сонце, имате поголем ризик од појава на хиперпигментација доколку процесот на заздравување не е завршен.

За ова се потребни минимум 8 до 12 месеци. Доколку лузната не е комплетно заздравена, може да добие кафеава боја и да стане трајна. Ризикот постои во текот на целата година, а особено во летните денови. УВА зраците се присутни насекаде во текот на сите сезони, можат да поминат низ облаците и низ стаклата  на прозорците. Поради тоа, луѓето со оштетена кожа и кожа со лузни, треба да одберат специјализиран производ за заштита кој истовремено  и ќе ја забрза регенерација на кожата и ќе спречи појава на хиперпигментација.

Со тек на годините и кумулативното изложување на сонце, на кожата можат да се појават темни дамки, особено на местата кои се најчесто изложени, како што се лицето, деколтето, грбот, рацете.

Овие флеки се поврзани со неправилно распоредување на меланин. Секое ново изложување на сонце може дополнително да го истакне овој проблем. Луѓето кои имаат темни дамки, за да превенираат појава на хиперпигментација се препорачува да користат специјални препарати за заштита од сонце кои го регулираат создавањето на меланин. 

Back of a woman under the sun

Близу еден од седум Французи имаат херпес*. Изложувањето на сонце е еден од факторите што го предизвикува, заедно со стресот и заморот. Постојат стикови за заштита од сонце специјално формулирани за да се спречат раните на усните во лето, истовремено заштитувајќи ја чувствителната кожа на усните од штетните ефекти на сонцето.

*J Am Acad Dermatol. 2006

Bioderma - Woman protecting from the sun
  • Dr Michèle Sayag, allergologist
    Dr Michèle Sayag, Алерголог.

    Често поставувано прашање: Која е најдобра заштита од сонце за кожата на бебето?

    На возраст до 18 месеци, строго се препорачува да го чувате вашето бебе подалеку од сонцето. Меѓутоа, кога изложеноста не може да се избегне, треба да користите производ со заштитен фактор 50+ кој ќе обезбеди доволна заштита од УВА зраците. До 3-годишна возраст, треба да користите креми за заштита од сонце базирани на минерални филтри (не оние со хемиски филтри).

    Dr Michèle Sayag, Алерголог.

Најпрво, облекувајте ги децата во заштитна облека и заштитете ги под сенка!

Bioderma - care for family skin

Најдобро е децата да не се изложуваат но сонце; децата на возраст до три месеци се препорачува НИКОГАШ да се изложуваат на сонце. Детската кожа е тенка и ранлива, има понизок праг на одбрана од УВ зраците и побрзо може да дојде до изгореници и сончаница. Докторите редовно потсетуваат дека изгорениците од сонце кај децата може да имаат сериозни последици подоцна во животот. Одговорните родители треба да следат неколку едноставни основни правила.

  • Не ги изложувајте намерно децата на сонце, особено меѓу 11 и 16 часот. Користете заштитна облека: шапка, очила за сонце и блуза со долги ракави, по можност со темна боја. 
  • На секои два часа нанесете крем за заштита со висок СПФ 50+ фактор или производ кој е специјално формулиран за деца. Не заборавајте да нанесете од кремот повторно по секое капење, играње во песокот или бришење со пешкир.
  • Давајте им да пијат вода што почесто во текот на денот за да го рехидрираат организмот. 

ПРЕПОРАКИ ЗА ПОСЕБНИТЕ ТИПОВИ КОЖА ПРИ ИЗЛОЖУВАЊЕ НА СОНЦЕ

  1. Иако најчесто најчувствително на сончевите зраци е лицето, не заборавајте да ги заштитите и останатите делови од телото следејќи ги стандардните препораки за заштита.
  2. За време на изложувањето на сонце, не заборавајте да ја хидрирате кожата и да ги користите производи за заштита од сонце, освен доколку лекарот Ви има препорачано нешто друго. Особено е важно да се консултирате со Вашиот лекар кога користите медицински третмани кои може да предизвикаат фотосензитивност.