Sensitive or Intolerant Skin

Чувствителната и нетолерантна кожа е пореактивна во споредба со нормалната. Се карактеризира со пецкање, загревање, чешањe, затегнатост, најчесто периодично. 


Понекогаш овие чувства на непријатност се засилуваат под дејство на различни дразби кои вообичаено не би предизвикале иритација, и се манифестираат со црвенило.


Ваквите тригер фактори можат да бидат: 

Sun
Физички УВ зрачење, топло или ладно време, ветер, температурни промени, триење, итн.
Pills
Хемиски козметички производи, сапуни, хемикалии, вода, бричење кај мажите, итн.
Stress
Психолошки стрес, емоции, итн.
Calendar
Хормонски менструалан циклус, итн.
Food
Внатрешни фактори зачинета храна, итн.

Хипер-чувствителноста на кожата е резултат на намалениот праг на толеранција. Колку е кожата почувствителна, толку е понизок прагот на толеранција. Кај чувствителната кожа, реактивноста се манифестира привремено, во одредени периоди, додека нетолерантната кожа речиси постојано реагира и секогаш има праг на толеранција блиску до нула.

Your Skin - Sensibio

Два главни фактора се одговорни за намалувањето на прагот на толеранција, па оттука и за нагласената чувствителност :

  1. Пред сè, бариерната функција на епидермисот кај чувствителната и нетолерантна кожа е нарушена. Овој феномен поттикнува дехидрација на кожата и навлегување на потенцијалните иританси. 
  2. Исто така, чувствителната кожа лачи премногу проинфламаторни цитокини (супстанции кои ги излачуваат клетките на кожата), како и одредени невромедијатори преку нејзините површински нервни завршетоци. Овие абнормални лачења потоа предизвикуваат непријатност што ја чувствуваат засегнатите лица. Чувствителната и нетолерантна кожа исто така произведува и многу слободни радикали. 

Mother and daughter sitting and together

Феноменот на чувствителна кожа е чест и опфаќа една третина од возрасното население.

Жените (60%) се почесто погодени од мажите (40%). Поради семејните и генетските предиспозиции, кожата кај некои луѓе е почувствителна од други, особено посветлата кожа. Но, бојата на кожата не ја одредува чувствителноста. Ваквата состојба на кожа, генерално поретко се среќава со зголемување на возраста. 


Чувствителната кожа може, но не мора да биде изразена со клинички знаци на одредени состјби на лицето, како розацеа, егзема или себороичен дерматит.  
Доколку не се преземат превентивни мерки против споменатите тригер фактори, овие состојби можат да се појават или да се влошат. 
 

Woman looking at her skin in the mirror

Чувствителната кожа има и психолошки последици кои се одразуваат на квалитетот на живот на луѓето. Исто така, лекувањето на дерматолошките проблеми може да биде покомплицирано, бидејќи локализираното третирање генерално полошо се поднесува. 

Посетете дерматолог за да ги идентификува факторите што предизвикуваат реакција кај Вашата кожа или ја влошуваат нејзината состојба, за да ви даде соодветен совет.
Лекарот ќе Ве прегледа за да исклучи розацеа, егзем или себороичен дерматит како причини за хиперсензитивноста на кожата; ваквите состојби би наложиле посебен третман.

Doctor with a patient in a medical office

Треба да се ограничи:

  • Изложување на студ;
  • Иританси или штетни козметички производи (агресивни средства за чистење, средства за пилинг, несоодветни креми, итн.);
  • За мажите, несоодветни производи и недоволно време при бричење (брадата треба да биде во контакт со топла вода барем три минути за да омекне);
  • Штетните ефекти на сонцето врз кожата, кои ја зголемуваат нејзината чувствителност (користете добар производ за фотозаштита).
Cold - Smiling Woman

Користете ограничен број на производи кои ја смируваат кожата.
Мијте го лицето со смирувачки производ за чистење со исклучително висока толеранција, по можност да не се плакне, без мирис, без парабени и без сурфактанти.
Бидете многу внимателни со сушењето на лицето. Лесно тапкајте го наместо да го триете. 

Woman cleaning her face

Еднаш до двапати дневно, нежно нанесете производ со исклучително висока толеранција (без мирис, без парабени, без сурфактанти) што спречува хиперсензитивни реакции на кожата.
Еднаш до двапати дневно, нежно нанесете третман за интензивно навлажнување (маска).
Шминката треба исто така да биде ограничена и внимателно избрана. 

Bioderma - woman applying cream on the face