Skin with Redness and Visible Vessels

Црвенилото или видливите капилари се симптоми на кожата предизвикани од абнормалност на венскиот систем на лицето, кој не функционира нормално. Црвенилото, со или без зажареност, може да биде привремено или подолготрајно.

Одредени фактори ја влошуваат состојбата:  

  • Драстични варијации на температурата (топло-ладно);
  • Консумирање на лута и зачинета храна, алкохол, итн.;

Розацеата и куперозата, која е еден вид розацеа, често можат да предизвикаат црвенило и видливи капилари на лицето. Но, ова не се единствените причини. Одредени дерматолошки заболувања може да предизвикаат проширени крвни садови и да ја поттикнат куперозата и вцрвувањето. Освен ова, одредени лекови можат да предизвикаат проширени крвни садови на лицето или да ги зголемат оние кои се веќе присутни. Затоа се советува консултација со дерматолог, доколку има некој сомнеж.

Куперозата претставува проширување на малите површински крвни садови на ниво на дермис. Медицинскиот термин кој соодветствува на оваа состојба е телангиектаза. 


Мрежата на површинските крвни садови формира „капиларен систем“ составен од црвенкасти линеарани линии видливи на лицето. Некои од параметрите на оваа мрежа можат да варираат, во зависност од човекот и видот на неговата кожа, годините, внатрешната или надворешната температура или промените во температурата. Крвните садови се повеќе или помалку проширени, а нивната боја се движи од светлоцрвена до лилава, па дури и сина. Топографијата варира, но обично е релативно симетрична. Највообичаената зона која може да биде зафатена се јаболчниците или образите, а во некои случаи е зафатен само носот. Но, може да биде зафатено и целото лице. 


Кога разгранетоста на телангектазата е тешко да се види со голо око, а доминира црвенилото, оваа појава се нарекува еритроза. 

Woman looking at her skin in the mirror

Генералниот назив што ја опишува состојбата која е на средина меѓу овие две варијанти е еритрокупероза.
Кај куперозата може да се забележи и пајаковидна ангиома. Ова е васкуларна разгранетост во вид на ѕвезда, која содржи повеќе или помалку изразена централна црвена точка. 

Во повеќето случаи, куперозата не е поврзана со некое заболување; се појавува споро и прогресира. Таа е еден вид розацеа.

Црвенилото може да се појави во бранови пред да се појави куперозата. Други знаци на розацеа се еритрозата и црвените папули (мали точки) или пустули. Консумирањето алкохол не предизвикува купероза или розацеа. 

Woman with hair in the wind
  • За појава на куперозата влијание имаат надворешните временски услови, сонцето, варијациите на надворешната температура при работа или надворешна активност.
  • Консумирањето алкохол не предизвикува купероза или розацеа. 

Кој е погоден од куперозата?

Почесто ги погодува луѓето со посветла и потенка кожа.

 

Кои се симптомите на розацеата?

Розацеата е честа дерматолошка појава која го зафаќа само лицето, особено носот, образите, челото и брадата. Можат да бидат зафатени и очите (окуларна розацеа), но поретко. Розацеата не се акни, па терминот „розацеа акни“ кој понекогаш се користи, постепено се отфрла. Оваа видлива состојба на кожата е често психолошки проблем, бидејќи предизвикува деформација и често погрешно се смета дека е знак на хроничен алкохолизам. 

 

Три различни форми, три типа симптоми

Step 1

1/ Васкуларна форма: еритроза и купероза


Се појавува како црвенило на лицето, без или со купероза (мали проширени крвни садови на образите и на носот, наречени телангиектаза). Ова црвенило може да биде придружено со  чувство на топол бран на лицето, а потоа брзо да исчезне.          

Step 2

2/ Папулопустуларна форма

Еритрозата е во комбинација со исфрлања на мозолчиња што личат на акни (црвени точки и мали пустули, но не и комедони), кои се наоѓаат само на лицето.

Step 3

3/ Хипертрофна форма


Оваа форма ја карактеризира голем, отечен нос, поретка е и речиси секогаш ги зафаќа мажите. Се нарекува ринофима и не е поврзана со консумација на алкохол, наспроти верување на многу луѓе. Сите овие симптоми често предизвикуваат значителни секојдневни непријатности и влошен квалитет на животот. 

Што ја предизвикува розацеата

Adult
Генетски фактори: жените со светла кожа од северноевропските региони се особено подложни
Sun
факторите на надворешната околина; изложување на УВ зраците; промени на температурата (одредени професии се поизложени)
Stress
и користење на стимуланси (алкохол, зачини) доминираат при појавата на розацеата;
Body areas
абнормалната функција на вените на лицето се чини како главна причина за црвенилото.
Immunity
Малиот паразит Demodex folliculorum, којшто вообичаено се наоѓа во кожата, исто така може да има значителна улога, предизвикувајќи воспалителна реакција.

Кој е погоден од розацеата?

Розацеата е трипати почеста кај жените отколку кај мажите, а луѓето со светла кожа се поподложни.
Симптомите често се јавуваат околу триесетгодишна возраст, а врвот е на околу педесет години. 
Честа карактеристика на розацеата е што се јавува кај чувствителна кожа. 

Посетете дерматолог за ја потврди дијагнозата и да утврди дали имате купероза, розацеа или друга состојба.

Doctor with a patient in a medical office

Превенцијата вклучува ограничување на тригер факторите, како промени на температурата, изложеност на УВ, топли пијалаци, зачинета храна, кафе и алкохол. Алкохолот не е тригер на состојбата, но доколку се консумира, може да ги влоши симптомите. Ако се појави бран на црвенило, лекарите предлагаат да се истопи коцка мраз во устата во текот на првите неколку минути од појавата.

Bioderma - Woman protecting from the sun

Лекарот може да препише одредени третмани:

  1. Локално, метронидазол како гел, крем или комбинација.
  2. Орално, антибиотици (тетрациклини), обично во период од три месеци, во случај на папулопустули или окуларна розацеа.

Розацеата не се лекува со овие третмани бидејќи таа прогресира со бранови на црвенило и мора постојано да се користат локални третмани. Црвенилото е тешко за лекување, меѓутоа корисни се ласерските третмани, особено ласерите со пулсирачки бои, Nd Yag и KTP. Различните видови васкуларни ласери се опишани подолу.

Woman taking medication

Префериран третман за куперозата е ласерскиот. Оваа техника знчително го смени справувањето со проблемот. Има неколку вида ласерски третмани за васкуларни лезии, т.е. ласерски третмани што конкретно ги опфаќаат крвните садови и хемоглобинот што се наоѓа во црвените крвни зрнца: KTP ласерот дејствува на разгранетата купероза, Nd:YAG ласерот и пулсирачките ласери во боја дејствуваат врз еритрозата и пајаковидните ангиоми.

 

Woman having skin therapy

Дермокозметичките третмани се корисни за сите видови розацеа и купероза на кожата и треба да хидрираат, смируваат, да не се оклузивни и да се наменети за чувствителна кожа. Идеално е доколку имаат и васкулозаштитни карактеристики. Важно е и да се користат и соодветни производи за чистење на лицето.

Се препорачува и фотозаштита. Во некои случаи, можат да помогнат и препарати за прикривање на црвенилото. (Тие содржат зелени пигменти кои ќе го неутрализираат црвенилото.) 

 

Bioderma - woman applying cream on the face