Себороичниот дерматитис е воспалителна состојба која првенствено го напаѓа лицето и скалпот и се карактеризира со појава на лушпи (сквами).


Зафатените области на лицето се првенствено помрсните делови (богати со лојни жлезди) од двете страни на носот, аглите на носниците, назолабијалните агли, областа меѓу веѓите и самите веѓи и надворешните канали на ушите. Скалпот е примарната област каде што се наоѓа болеста и предизвикува воспалителен првут. Можат да бидат зафатени и други влакнести делови, очните капаци (што предизвикува блефаритис) и пубичната област, како и брадата и градниот кош кај мажите. 

На скалпот, сквамите се генерално жолтеникави и мрсни и не се лепат за скалпот. Можно е да се прошират и надвор од линијата на косата, на челото. За повеќе информации, погледнете го делот „првут и лушпи“ овде.
Себороичниот дерматитис напредува во епизоди, меѓу кои има периоди на целосна ремисија. Воспалителните акутни фази можат да бидат под влијание на годишните времиња и на стресот. Клиничката слика се влошува во зима. 
Симптомите варираат, но често има чувство на чешање и печење.

Кој е погоден од СД?

Се работи за честа состојба кај возрасните (погодува околу 3% од населението), особено кај помладите возрасни, но често ги напаѓа и децата (71%), иако само привремено. „Теменицата“ кај децата е еден од знаците на себореичниот дерматитис. 

 

 

Што предизвикува себороичен дерматитис?

Некои специфични состојби предизвикуваат ненадејна појава на себороичниот дерматитис, симптомите обично се појавуваат кај здрави млади луѓе.

Причини се неколку фактори:

Количината на себумот
Габата Malassezia на кожата на поединецот (сапрофитска флора); Одговор на имуниот систем на заболената личност спрема габите кои ја иритираат и ја воспалуваат кожата.

Хроничната, повторлива природа на себороичниот дерматитис кој предизвикува црвенило на лицето со или без сквами и/или првут е значителен извор на непријатност кај засегнатите лица. Оваа непријатност се одразува и на квалитетот на живот (чувство на чешање).

Кои се знаците на псоријаза?

Псоријазата е хронична, незаразна состојба на кожата која погодува 2-3% од населението. Појавата не е ограничена со возраста. Тригер факторите се надоврзуваат на генетскиот предетерминаран профил и предизвикаат појава на лезии.

Подрачјата зафатени со псоријаза се црвени (еритематозни) и покриени со дебели бели сквами.

Најчесто зафатени се лактата и колената (области кои се под влијание на микротрауми), но може да биде зафатена и цела кожа. Скалпот е област која често е зафатена (особено оципиталната област). Може да се појави и во пределот под пазувите, во тој случај станува збор за инверзна псоријаза која е многу помалку лушпеста. И ноктите понекогаш можат да бидат зафатени на различни начини (задебелување, длабење, деформации).   
Понекогаш псоријазата се појавува на кожата во вид на многу мали, капковидни парчиња или пустули со еритема (црвенило). 


На превоите на кожата може да се почувствува чешање или печење. Псоријазата може да има големо влијание на квалитетот на животот, особено ако е многу проширена или ако се наоѓа во деликатните зони.
Ја напаѓа кожата, но може да предизвика и ревматски проблеми. Напаѓа околу 25% од луѓето што имаат некакви проблеми со кожата. Псоријазниот ревматизам може да биде аксијален (воспаление на зглобовите на р`бетот) или периферен (полиартритис -воспаление на неколку зглобови на прстите, со деформативна тендеција). 

Кој е погоден од псоријазата?

Псоријазата може да ги погоди мажите и жените од сите возрасти. Започнува пред дваесеттата година кај една третина од случаите, често се појавува меѓу 20 и 40 годишна возраст. 

 

Што ја предизвикува псоријазата?

Во 30-40% од случаите појава е генетска, пренесувањето вклучува неколку гени (мулти-генски) и не е системско.

 

Климатски промени (особено ладни периоди);
Инфективни фактори (особено ринофарингалните);
Психолошки стрес: кожата е под влијание на невропосредниците и овде е „премногу“ реактивна;
Локализирани трауми (изгореници, триење, и почесто, чешање);
Одредени лекарства (синтетички антималарични лекарства, одделни лекарства за висок притисок, литиумски соли, некои капки за очи, итн.)

Одделни болести и токсични навики, иако не се системски, често се наоѓаат кај пациентите со псоријаза: метаболичен синдром (прекумерна тежина, хиперлипидемија, хипергликемија и висок крвен притисок), прекумерно косумирање алкохол и пушење.

Ако имате црвенило и сквами, посетете дерматолог за тој да ја потврди дијагнозата и да види дали имате себороичен дерматитис, псоријаза или друга состојба. 

Во одредени случаи, лекарот ќе види што предизвикало појава на себороичен дерматитис. Во најголем број случаи, лекарот ќе Ви препише соодветен третман, обично анти-фунгален. Луѓето со себороичен дерматитис треба да користат неиритирачки производи, да ја разберат неговата хронична и повторлива природа, па оттаму и да ја прифатат потребата од третман за постојано одржување.
Анти-фунгалните третмани кои се користат се шампони и креми за лицето. Во некои случаи, се користи и литиум како гел. Треба да избегнувате користење кортико препарати на лицето, бидејќи тие даваат брзо олеснување на состојбата, но ја зголемуваат чувствителноста на кожата и имаат негативни ефекти.

Лекарот прво ќе ја процени појавата на псоријаза, последиците, постоењето или отсуство на метаболички синдром, прекумерно користење алкохол или цигари. Тој ќе потврди дали постои ревматизам кој е поврзан со псоријазата и дали може да се идентификуваат некои ризични фактори или поттикнувачи.
Суштински е важно да се престане со чешање, бидејќи тоа поттикнува појава на лезии. Се советува да се престане со
употреба на токсичните фактори (алкохол, тутун). 
Неколку вида псоријаза се отпорни на терапија, бидејќи има многу третмани наменети за различните видови на болеста. Но, за среќа, повеќето случаи на псоријаза се благи до умерени и не бараат некој „тежок“ третман. Во таа смисла, обично се доволни локалните третмани, но треба редовно да се користат за да се одржува оваа хронична состојба. Ако се прекине со третманот, лезиите пак ќе се појават. 
Локалниот третмат вклучува употреба на кортико препарати и деривати на витаминот Д. Хидрирајте ја кожата секојдневно со креми за да го ограничите повторното појавување; сувоста на кожата го поттикнува појавувањето на лезии. На скалпот, појавата на сквамите може да се подобри со кератолитички третман (салицилна киселина, уреа). Вообичаените третмани вклучуваат фототерапија од страна на дерматолог, ретиноиди, метотрексат, циклоспорин и биотехнолошки лекови.

Важно е да се има на ум дека себороичниот дерматитис и псоријазата не се заразни болести. Првата линија на превенција е да се ограничат ризичните фактори или поттикнувачите на состојбата, како чешањето, кое води до појава на сквами, и иритирачките или несоодветни производи.

За псоријазата, треба да избегнувате и варијации на температурата. Двете болести генерално се подобруваат со изложување на сонце и пливање во море. Иако е тешко себороичниот дерматитис и псоријазата да се излечат целосно, не треба да се обесхрабрувате. Запаметете дека редовниот третман ќе обезбеди прологирана ремисија и ќе Ви го подобри квалитетот на живот.

Bioderma - Woman protecting from the sun

За хигиена, користете навлажнувачи со многу голем праг на толеранција: без парфеми, без парабени, без сурфактанти. Сушете го лицето многу внимателно, без триење. За повеќе информации за нега на скалпот и косата зафатени со себороичен дерматитис и псоријаза, прочитајте овде.

За хигиена, користете навлажнувачи со многу голем праг на толеранција: без парфеми, без парабени, без сурфактанти. Сушете го лицето многу внимателно, без триење. За повеќе информации за нега на скалпот и косата зафатени со себороичен дерматитис и псоријаза, прочитајте овде.

Ако имате сквами, хидрацијата е од суштинско значење. Еднаш или двапати дневно нежно нанесете третман со ултра висока толеранција што дејствува врз инфалматорни реакции. Треба да биде без мириси, без парабени и без суфрактанти. Може да користите и маска за интензивна хидрација еднаш до двапати неделно. Откако ќе видите подобрување, важно е да продолжите со третманот неколку месеци бидејќи воспалението трае подолго, дури и ако не е видливо. Ако имате псоријаза, треба да ја контролирате сувоста на кожата која ја предизвикува зимското студенило и да вложите напор за да ја зачувате ефективната влажност на кожата, на целото тело.

Bioderma - woman applying cream on the face